Пјер-Емерик Обамејанг синоќа и официјално потпиша за Челзи. Габонецот помина само половина година во Барселона, каде имаше навистина фантастична полусезона, но реши да го напушти каталонскиот клуб на самиот крај на летниот преоден рок.

Одлуката на искусниот напаѓач изненади многумина, но јасно е дека Обамејанг не сакаше да биде резервна копија во Барселона откако клубот го доведе Роберт Левандовски.

Неговиот трансфер во Челзи беше официјализиран синоќа, а Барселона од неговата продажба заработи 14 милиони евра, а во спротивен правец тргна Маркос Алонсо, чие доаѓање на Камп Ноу допрва треба да се официјализира. Јасно е дека Обамејанг ќе има многу повеќе простор за игра во Челзи бидејќи тој е единствениот класичен напаѓач кој Томас Тухел ќе го има на располагање оваа сезона. Габонецот вчера успешно ги мина лекарските прегледи, по што потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на соработката со лондонскиот клуб на уште една година.

Исто така, многумина беа изненадени од бројот што Аубамејанг го избра во Челзи. Тоа е бројот девет за кој многумина сметаат дека е проколнат кога е во прашање клубот од Стемфорд Бриџ.

Имено, проклетството на бројот девет во Челзи трае повеќе од десет години, а една од последните жртви беше Ромелу Лукаку, кој минатата сезона го носеше овој број и воопшто не се прослави, па се врати во Интер.

Кога Роман Абрамович беше шеф на Стемфорд Бриџ, пристигнаа седум големи ѕвезди кои го носеа бројот девет на грб.

Тоа беа Ромелу Лукаку, Фернандо Торес, Алваро Мората, Гонзало Игуаин, Радамел Фалкао, Ернан Креспо и Матеја Кежман, но никој од нив не се прослави.

Обамејанг очигледно ја земал таа бројка со намера да докаже дека може да го скрши проклетството, а дали ќе успее останува да видиме.

Извор: SportKlub