Возачот на Ферари, Карлос Саинц ги сподели своите размислувања за поранешниот возач на тимот Себастијан Фетел и очекувањата од новата сезона во Формула 1.

– Не се плашам дека ќе ми се случи нешто како него. И не мислам дека Ферари го проголта Фетел. Знам дека многу луѓе мислат така. Тие велат дека тимот го апсорбирал и уништил, но тоа не е случај. Фетел помина пет години тука. Освои 11 победи, имаше многу подиуми. Затоа, не мислам дека е соодветно да се зборува во негативна смисла за влијанието на тимот врз него, истакна Саинц.

Мислам дека не ме ангажираа како втор возач. Да видиме на крајот што ќе можам да постигнам во тимот. И досега не размислувам за тоа што ќе се случи за 4-5 години. Сега сум фокусиран на влегување во топ 5 или на подиумот во Бахреин, додаде новиот пилот на Ферари.

Минатата сезона, Ферари заврши на шестото место во конкуренција на конструктори. Фетел, кој возеше за од 2015 година, се пресели во Астон Мартин.

Карлос Саинц ќе го има своето деби во Ферари во 2021 година. Негов партнер ќе биде Шарл Леклер, кој е дел од тимот од 2019 година.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне од претстојниот викенд во Бахреин.