Американскиот колеџ за акушери и гинеколози (ACOG) денес објави дека е најдобро за бремени жени и мајки кои сакаат да се вакцинираат против Ковид да го сторат тоа со вакцината Pfizer / Biontech или Modernа, наместо со вакцината Johnson & Johnson.

Објавата ги следи упатствата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кој препорача прекин на администрацијата на вакцините Johnson & Johnson, поради можното формирање на тромбови, објави Си-Ен-Ен.

„Во моментов, нема јасен профил на жени кои би можеле да имаат толку исклучително ретка компликација. Сепак, сè додека не бидат појасни работите, важно е да се охрабруваат бремени жени и мајки кои сакаат да бидат вакцинирани да изберат mRNA вакцини – Pfizer или Modernа“, се вели во изјавата на ACOG.

Во нивното соопштение се додава дека луѓето кои биле вакцинирани со вакцина Johnson & Johnson во претходните три недели треба да побараат итна медицинска помош во случај да имаат силна главоболка, болка во стомакот, нозете, отежнато дишење.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.