Професорот Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во САД. Тој беше кандидат, иако МНР не потврди, но сепак по проверките, САД решиле да не го прифатат овој предлог. Како што пишува порталот Мкд.мк причините засега не се знаат зошто Фрчковски не може да биде амбасадор во Вашингтон.

Од друга страна, пак, министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека МНР никогаш не потврдило дека Фрчкоски е кандидат за таа позиција.
-Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или дека е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори, се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци, истакна Османи во гостувањето во Клик Плус на Тв21.

Иако САД се најголемиот стратешки партнер на Македонија, сепак веќе три години немаме амбасадор во Вашингтон.