Белата Куќа и Кремљ се приближуваат до усогласување на деталите на самитот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, што треба да се одржи во идниот месец. Во заедничка изјава американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен и неговиот руски колега, Николај Патрушев, ги оценија консултациите во Женева како „важен чекор“ во подготовката на самитот меѓу двајцата лидери.

Advertisements

„Дискусиите се одвиваа на конструктивен начин, па и покрај големите разлики, овозможија подобро разбирање на меѓусебните позиции“, се вели во заедничката изјава.

Прикажи повеќе