САД и официјално се вратија на Парискиот договор за климата, само 107 дена по напуштањето.

Додека денешното враќање на државата кон мултилатералниот договор е симболично, светските лидери изјавија дека очекуваат САД да ја докажат својата сериозност по скоро четири години отсуство. Лидерите особено сакаат да знаат во следните месеци која е целта на Вашингтон да ги намали емисиите до 2030 година.

САД се вратија на договорот речиси еден месец откако Џо Бајден стана претседател, кој пред ОН изјави дека неговата земја има намера да го обнови договорот.

На првиот ден од претседателствувањето, претседателот потпиша заповед за прекинување на наредбата на поранешниот претседател Доналд Трамп да се повлече од договорот.

Администрацијата на Трамп во 2019 година објави дека се повлекува од Парискиот договор, но ова стапи во сила на 4 ноември 2020 година, ден по претседателските избори, поради условите на договорот.

Американски експерти очекуваат целта за намалување на емисиите на јаглерод до 2030 година да биде помеѓу 40 отсто и 50 отсто од основните нивоа од 2005 година.