Почнувајќи од 10 март САД ќе воведат царина од 200 отсто за алуминиумот произведен во Русија, соопшти денеска Белата куќа, најавувајќи широк спектар на санкции поради руската инвазија на Украина.
Според Белата куќа, САД од 10 април, исто така, ќе воведат царина од 200 отсто за увезениот алуминиум што содржи алуминиум од Русија.
Рускиот алуминиум го произведува компанијата „Русал“, која сочинува шест отсто од глобалната понуда. Во првата половина на 2022 година извозот во САД изнесува седум отсто од приходите на „Русал“.
Аналитичарите наведуваат од овој месец е можно Русија да возврати со ограничување на извозот на никел и паладиум, што се важни за САД.
Никелот е важен за воздухопловната индустрија и батериите за електрични возила. Паладиумот е клучна состојка за автомобилските катализатори.
Американското Министерство за трговија денеска воведе санкции за десетици компании, вклучително и оние во Кина, Канада и Франција, како одговор на руската инвазија на Украина, додавајќи ги на списокот на компании со кои трговијата е ограничена.