САД ќе и испратат на Украина нов пакет воена помош од 2,5 милијарди долари, кој вклучува стотици оклопни возила од различни типови, но не и тешки тенкови „Абрамс“.

Во оваа нова транша ќе има 59 оклопни возила „Бредли“, покрај 50 лесни оклопни возила од овој тип, кои беа најавени дека ќе бидат испратени на 6 јануари и 90 оклопни транспортери „Страјкер“, „кои на Украина ќе и дадат две оклопни бригади“, се вели во соопштението на Пентагон.

Покрај тоа, американската армија ќе и испорача на Украина 53 оклопни возила отпорни на мини (MRAP) и 350 транспортери М998, познатите „Хамви“.

Но, оваа нова пратка не вклучува тешки тенкови како „Абрамс“, кои САД сè уште не се подготвени да ги испратат во Киев, со оправдување дека нивното одржување би било тешко за Украина и ќе бара голема логистичка поддршка.

Вашингтон на украинските сили ќе им испрати и резервни проектили за веќе доставените противвоздушни системи НАСАМС и ХИМАРС, 8 противвоздушни системи со краток дострел „Авенгер“ и илјадници парчиња разновидна муниција.

Прикажи повеќе