Некои личности уживаат кога се во љубовна врска, а други пак уживаат кога се сами. Но, постојат и такви кои сакаат да се впуштат во љубовните води, но сѐ уште го немаат пронајдено партнерот кој им одговара.

Токму, хороскопскиот знак ви открива зошто сѐ уште сте сингл. Откријте и потрудете се повеќе да го подобрите тој аспект на вашата личност. Шансите за да започнете врска, поради влијанието на ѕвездите, се зголемени во втората половина од месец март. Не седете со скрстени раце, впуштете се во потрага.

Овен

Исплашени сте да не ви стане здодевно. Здодевна љубов? Верувајте дека нема да ви стане здодевно.

Бик

Го занемарувате вашето срце. Започнете да го слушате дека е осамено.

Близнаци

Секогаш поставувате ѕидови околу вас. Пробајте да турнете барем еден.

Рак

Мислите дека не сте подготвени. Пробајте, па ќе видите дека грешите.

Лав

Вашиот интензитет може да биде застрашувачки. Со мало смирување се ќе биде во ред.

Девица

Секогаш се ставате себеси на последно место. Престанете да го правите тоа.

Вага

Се плашите од посветеност. А знаете ли колку е убаво кога ќе му се посветите на некого, а за возврат ќе го добиете истото.

Скорпија

Се опседнувате со мали нешта. Не гледајте на ситници, размислувајте малку поотворено.

Стрелец

Се двоумите за сите одлуки. Нема двоумење повеќе, тргнете во акција!

Јарец

Вие сте исклучително реални. Реалноста и љубовта не се најдобри пријателки. Спријателете се со љубовта.

Водолија

Се изолирате себеси. Тоа носи тага и песимизам. Влезете малку меѓу луѓето.

Риби

Можете да бидете преголеми идеалисти. А тоа не носи ништо добро. Пробајте малку да се промените.