Испораките на руски гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 ќе бидат во прекин на три дена, од 31 август до 2 септември, поради одржување на системот, соопшти рускиот гасен гигант Газпром.
„Од 31 август 2022 година, единствената гасна компресорска единица Трент 60 ќе биде затворена три дена поради одржување“, а тоа одржување им е доверено на техничарите на Сименс, се вели во соопштението на Газпром, додавајќи дека поради тоа „снабдувањето со гас преку гасоводот Северен тек ќе биде суспендирано на три дена“.
Испораките потоа ќе продолжат со проток од 33 милиони кубни метри гас дневно, соопшти Гаспром.
Одлуката на Газпром ризикува повторно да ги разгори стравувањата од недостиг на гас во Европа, каде Москва е обвинета за уцена на енергетските компании.