Руските сили во текот на ноќта извршија серија напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, во чии делови имаше прекин на електричната енергија, а беше гранатиран и градот Запорожје, објавија локалните власти.
„Окупаторите погодија критична инфраструктура. Имаше околу десет експлозии“, објави гувернерот на Харковската област Олех Синехубов на комуникациската платформа „Телеграм“, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Засега нема информации за жртви во Харков.
Најмалку 17 руски проектили го погодија градот Запорожје во југоисточна Украина, објави вршителот на должноста градоначалник Анатолиј Куртиев. Нападите беа насочени кон енергетската инфраструктура.
Се собираат податоци за штети и жртви.