Русија оцени дека Кина има право да преземе „неопходни мерки за заштита на својот суверенитет“, наведувајќи дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван е „очигледна провокација“.
Advertisements
„ Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Оттаму посетата на Пелоси на Тајван ја нарекоа „очигледна провокација“ што треба да ја спречи Кина. Кинеската војска соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор“ на посетата.
„Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од акции кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност и да ја препознае новата геополитичка реалност во која повеќе нема место за американската хегемонија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека посетата поттикнува „зголемување на тензиите“ во регионот и го обвини Вашингтон дека го избрал „патот на конфликтот“.
„ Сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме во целосна солидарност со Кина, нејзиното однесување во однос на овој проблем е разбирливо и целосно оправдано“, рече тој.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави: „Вашингтон носи дестабилизација на светот. Ниту еден конфликт не е решен во последните децении, туку се поттикнати многу конфликти“./Makfax