Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со нуклеарната централа Запорожје, објави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански. Тој изјави дека итниот состанок со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“ бил побаран поради, како што вели, актуелните украински провокации во врска со нуклеарната централа. Средбата, според него, е планирана за денеска во 21 часот. Полјански посочи дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да одржи говор за време на денешната средба.