Учеството во Големото евроазиско партнерство е отворено за Европската унија, доколку Брисел покаже интерес за тоа, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров за пакистанскиот весник Њуз Интернешнл.
„Иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин за формирање на големо евроазиско партнерство промовира обединувачка програма. Учеството во партнерството е отворено за сите земји на континентот, вклучително и за членовите на Евроазиската економска заедница, Шангајската организација за соработка, Здружението на нации од Југоисточна Азија и доколку се заинтересирани, за Европската унија“, рекол Лавров.
– Advertisement –