За време на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше кратка размена на зборови со новинар од руски државен медиум. Додека Зеленски и неговата делегација минуваа покрај новинарите, Валентин Богданов, дописник на рускиот медиум „Вести“, постојано го прашуваше кога планира да ја посети Москва.

Зеленски првично не реагираше. Тој направи неколку чекори, а потоа ја покри устата со раката и извика на руски: „На ракета, по ѓаволите“.

Снимката од оваа случка брзо се прошири на социјалните мрежи и во медиумите.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.