Русија ја продолжува воена блокада на украинските пристаништа, запирајќи го снабдувањето со жито главно наменето за земјите со ниски приходи и повторно разгорувајќи ги стравувањата од спирала на глобалните цени на храната. Соединетите држави ги критикуваа постапките на Русија, обвинувајќи ја дека ја користи храната како оружје за да се здобијат со потпора во нејзината неуспешна инвазија на Украина. Русија на 29 октомври објави дека ќе го прекине учеството во договорот постигнат со посредство на ОН, кој и овозможи на Украина, една од светските извознички на жито, да извезува жито, откако го обвини Киев за организирање напад со беспилотни летала против нејзината Црноморска флота. Украина ги отфрли обвинувањата.