Првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија меѓу Интер и Јувентус се одигра синоќа на „Џузепе Меаца“, а победата им припадна на гостите од Торино (2: 1).

Интер подобро го отвори мечот и поведе по само девет минути игра со голот на Лаутаро Мартинез и со „помош“ на Џиџи Буфон, кој лошо реагираше на ударот.

Интер делуваше подобро и поконкретно на стартот, но потоа следеше пресврт во Јувентус.

Во 26-та минута Јанг непотребно го повлече Куадрадо, го сруши и по ВАР-от се утврди дека тој направил фаул за изведување на пенал. Кристијано Роналдо беше сигурен за 1: 1.

Во 35-та минута Јувентус дојде до целосен пресврт. Роналдо ја користи конфузијата на Шкриниар и Хандановиќ, па ја испраќа топката во празната мрежа.

До крајот на натпреварот, Интер имаше неколку одлични шанси, но не успеа да постигне гол, па со гол зад себе, ќе отпатува на реваншот во Торино, кој е закажан за следниот вторник

Во второто полуфинале ќе се сретнат Аталанта и Наполи.

loading…