Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Ливерпул во дербито на Премиер лигата со 2:1.
„Црвените ѓаволи“ така ја прекинаа лошата серија со поразите од Брајтон и Брентфорд. Јунајтед вчера одигра одличен натпревар и на најдобар начин најави излез од резултатската криза.
Интересно е што Тен Хаг заедно со Мегваер на клупата го остави и Роналдо. Португалецот шанса за игра доби во последните минути од натпреварот. Роналдо сигурно бил незадоволен, но Тен Хаг покажа дека никој не е поголем од клубот, па Роналдо веројатно ја плаќа цената за тоа што го правеше цело лето.
Роналдо подоцна се појави на припремите на Јунајтед, сакаше да замине, но не успеа да пронајде адекватен клуб. После вчерашниот натпревар испрати порака преку социјалните мрежи.
„Секој чест Манчестер Јунајтед. Ви благодарам на поддршката на „Олд Трафорд““, напиша Роналдо на Инстаграм.
За многумина оваа порака е полна со иронија затоа што е познато дека Португалецот не сака да биде изоставен во најважните натпревари.