Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, може да го напушти клубот ова лето, пренесува „Тутоспорт“. Според италијанскиот весник, 36-годишниот Португалец размислува да го напушти клубот доколку не се пласира во Лигата на шампионите. Според информациите на овој медиум играчот може да се пресели во Манчестер јунајтед или ПСЖ. Оваа сезона, Роналдо одигра 39 натпревари за Јувентус, на кои постигна 32 погодоци и направи пет асистенции.