Здравствените власти во Романија започнаа да имунизираат деца на возраст меѓу 12 и 15 години со вакцината на „Фајзер“, објави „Дојче веле“.

Advertisements

Во главниот град Букурешт, во еден од градските паркови, денеска беа поставени два мобилни пункта, каде што доброволно се вакцинираат оние кои имаат желба за тоа.

Според порталот Хотњуз, вакцината им се дава на деца само со претходно потпишана согласност од родителите.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ за деца на возраст од 12 до 15 години, но засега нема официјална согласност од Европската комисија.

Во јуни и Германија ќе започне со вакцинирање на деца над 12 години против ковид-19 во јуни, најави канцеларката Ангела Меркел пред неколку дена.

Прикажи повеќе