СИТЕ познаваме некој кој е секогаш мрзлив, загрижен или нерасположен. Таквите луѓе не се негативни само за себе и за својата психа, бидејќи енергијата ја пренесуваат и на околината, па по дружењето со нив, другите често се чувствуваат лошо и исцрпено. Во астрологијата се смета дека овие три знаци пренесуваат негативна енергија на другите.

Скорпија

Скорпиите сè сфаќаат лично, размислуваат премногу за се и постојано создаваат негативни сценарија во главите. Тие се опсесивни и тешко ги надминуваат своите стравови и сомнежи, поради што акумулираат негативна енергија која може да предизвика експлозија. Нивната неспособност да заборават и простуваат е уште еден фактор што доведува до акумулација на фрустрации.

Девица

Со Девиците е доста тешко да се справите бидејќи родените во овој знак секогаш бараат прилика да критикуваат некого. Перфекционисти по природа, се нервираат штом нешто не е совршено и не оди според планот. Постојано се загрижени и оптоварени со неважни детали, поради што се секогаш нервозни и полни со негативна енергија, која ја пренесуваат на другите.

Рак

Негативната енергија на луѓето родени во овој знак доаѓа од внатре. Раковите никогаш не се задоволуваат со себе и постојано размислуваат за работи кои не им се достапни, а токму тоа ги исполнува со стравови и сомнежи. Овие луѓе немаат доволно самодоверба и веруваат дека не заслужуваат среќа и добри работи, а своите негативни вибрации ги шират на сите околу нив.