Новиот ракометен суперлигаш, Алкалоид ја претстави екипата и амбициите за новата сезона. Тренер ќе биде Кирил Лазаров, кој е и селектор на репрезентацијата на Македонија во ракомет. Лазаров е оптимист дека Алкалоид ќе биде успешен проект. Очекува да се борат за висок пласман во домашното првенство. Денеска беа претставени и новите ракометни имиња во екипата.

„Чест и задоволство ми е што ќе работам во мојата Македонија, мојата родна земја и ќе пробам со моето знаење и искуство што го стекнав годиниве низ светот, да го пренесам овде во Македонија. Чест е што во раце ќе имам ваков посакуван проект. Не се двоумев воопшто дали да ја прифатам поканата на РК Алкалоид. Со многу желба и ентузијазам влегов и ветувам дека ќе дадам сè за добро не само на РК Алкалоид, туку и на ракометот и спортот во Македонија“, рече Лазаров.

Прикажи повеќе