Новиот лидер на британските конзервативци, Риши Сунак, денеска официјално ќе ја преземе премиерската функција од неговата претходничка Лиз Трас.
Како што е случај и со сите претходни премиери, Сунак официјално ќе стапи на функцијата по аудиенцијата што ќе ја има кај монархот.
Тој ќе биде третиот Британски премиер оваа година кој ќе се соочи со голем број предизвици меѓу кои прв предизвик ќе биде да излезе со збир на буџетски мерки на 31 октомври за стабилизирање на пазарите.
Сунак, кој ја презема функцијата од Лиз Трас, која поднесе оставка минатата недела по 45 бурни денови на функцијата, исто така треба да ја обедини деморализираната и поделена партија која според последните анкети заостанува далеку зад опозицијата.