Режисерот на шоуто на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио е разрешен, еден ден пред одржувањето на церемонијата. Кентаро Кобајаши, кој порано беше комичар, беше жестоко критикуван откако неодамна се појавија снимки од комедија во 1998 година, во кои тој се чини дека се шегува со холокаустот. Претседателот на Организацискиот комитет Сеико Хашимото денеска го објави разрешувањето на Кобајаши, велејќи дека на видеото биле исмејувани „болни факти од историјата“. Кобајаши издаде изјава во која се вели: „Забавата не треба да ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно. Јас разбирам дека мојот глуп избор на зборови во тоа време беше погрешен и жалам за тоа“.
Организаторите на Олимписките игри во Токио сега преоценуваат како да се одржи утрешната церемонија на отворање.
Advertisements