Екипата на Ренова ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со Колумбиецот Џон Еди Мена Перез.

-Перез успешно ги помина медицинските прегледи и од утре започнува со тренинзи, соопшти попладнево прволигашот од Џепчиште.

Ангажманот во Ренова ќе биде прво меѓународно искуство во кариерата за 23-годишниот колумбиски напаѓач.

Ренова во пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ ќе стартува од деветтото место со 19 бодови.