Ослободувањето на метанот – главната компонента на природниот гас што истече од два гасоводи, поставени на дното на Балтичкото Море, веројатно ќе биде најголемото ослободување на тој гас во атмосферата откако се направени мерења, велат експерти од Данска и САД денес. Подводното истекување на гас од оштетените цевководи „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ носи огромни количества метан во атмосферата, а како стакленички гас, метанот е поопасен од јаглерод диоксидот. Претставник на данската агенција за енергетика изјави дека сегашното испуштање е еднакво на една третина од годишните емисии на стакленички гасови од територијата на Данска.