Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ.
Тој појасни дека се работи за човек кој ова право го добил како дете и младо лице со попреченост.
– Од година во година имаме растечки тренд на траењето на правото на пензија, што во мигов е 17,5 години во просек за сите 273.300 корисници на пензија – што е речиси две години подолго отколку пред две десетлетија, додаде Милиќ.
Според него, меѓу факторите кои влијаат на тоа, се големиот напредок на медицината и лекувањето, на технологијата, условите за работа и поудобниот начин на живот.