Од вкупниот број на нови позитивни случаи регистрирани се 21 реинфекција, а оздравени се 99 пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа од направени 887 тестови, регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 21 реинфекција, а оздравени се 99 пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 2 163 701 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342 323, бројот на оздравени пациенти е 332 150, на починати е 9 524, а бројот на активни случаи изнесува 649.
Најмногу активни случаи има во Скопје-349, Битола-50, а активни случаи нема во Свети Николе, Виница, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран.