Ловро Мајер треба да биде наследникот на Лука Модриќ во Реал Мадрид. Раководството на клубот е подготвено да плати 60 милиони евра и да го доведе на „Бернабеу“.
Мајер минатата година пристигна во Рен во трансфер вреден 12 милиони евра од Динамо Загреб. Многу брзо се наметна како важен играч на францускиот тим, за кој одигра 55 натпревари, постигнувајќи осум гола и забележувајќи 12 асистенции.
Договорите на Лука Модриќ и Тони Крос важат до крајот на актуелната сезона, а иако желбата на клубот е двајцата да останат, сепак, Реал сака да доведе и адекватна замена./Makfudbal/