Откако и Ливерпул се вклучи во трката по потписот со Килијан Мбапе, Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез ен седат со скрстени раце и го означија францускиот репрезентативец за главна мета во летниот преоден рок.

Според „Марка“ која е блиска до Реал Мадрид, Перез ќе мора да издвои околу  180 милиони евра доколку го сака Мбапе.
Првиот човек на „кралеците“ веќе подготвил стратегија како да ги обезбеди парите за трансферот иако клубот се наоѓа во финансиска криза поради пандемијата на коринавирусот.

Шпанскиот новинар Гилем Балаг смета дека идното лето, Перез конечно ќе го направи потегот, ќе достави понуда до ПСЖ за одличниот напаѓач, а парите ќе ги обезбеди со продажба на неколку фудбалери кои не се наоѓаат во прв план кај тренерот Зинендин Зидан.