Во Истанбул е разбиена обложувачка мафија „Тотобо“, која се протега од Германија до Турција, а ја вклучува и Македонија. Приведени биле 59 членови од мафијата, која остварила добивка од една милијарди лири (55 милиони евра).

Своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија, пренесува „Милијет“. 

Полицијата осум месеци ја следела операцијата, а приведени се 59 членови во Истанбул. Полицијата соопшти дека продолжува операцијата со која се работи да се сузбие една од најголемите афери на нелегалното обложување.

Членовите на организацијата купувале панел од легална кладилница од Германија и потоа го изнајмувале и го носеле во Истанбул. Отворале застапништва во Истанбул, и во други градови и продолжуваат со незаконски обложувачки активности.

Полицијата извршила координирана операција во 8 турски градови, а бил преведен водачот на бандата Озкан Г.

По следењето на сметките на членовите, било утврдено дека оствариле промет од 1 милијарда лири, кои биле префрлени во Македонија преку криптовалути. За централната банка да не ги следи овие пари, се формирале уплати со по 10-15 илјади долари и тие средства биле акумулирани на една сметка, потоа претворани во криптовалути и трансферирани во Македонија, пренесува „Милијет“.

Истражувањето покажува и сомнеж дека дел од парите завршувале за финансирање на терористичка организација. Истрагата продолжува.