Бројот на загинати при уривање на мост во Гуџарат, Индија, се искачи на 132, соопшти локален функционер.

„Бројот на загинати во инцидентот со уривање на мостот се искачи на 132. Операциите за пребарување и спасување продолжуваат“, изјави високиот функционер Мухар истакнувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.

Тој додаде дека персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за управување со катастрофи и вонредни состојби од околните области се распоредени за да ги лоцираат исчезнатите лица и да помогнат во операциите за спасување.

Пешачки мост на реката Мачху во градот Морби, кој беше преполн со посетители кои уживаа во празничните веселби, се урна во неделата поради што луѓето паднаа во реката.

Повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот кога тој се урна.

Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19 век. Тој беше затворен за реновирање шест месеци, а неодамна беше повторно отворен за јавноста.

Прикажи повеќе