Австралиските власти денеска го продолжија затворањето на Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи но по три недели од рестрикциите не е запрено најсериозното ширење на коронавирусот.

Премиерката на државата Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан најави дека ограничувањата ќе останат на сила најмалку до 30 јули, истакнувајќи дека во последните 24 часа се потврдени нови 97 нови случаи на локална трансмисија на вирусот.

-Секогаш е болно тоа да се каже, но мора да го продолжиме со локдаун за уште најмалку две недели. Сакаме што поскоро да излеземе од оваа ситуација и баш затоа мораме да спроведеме мерки кои ни се на располагање, изјави Береџиклиан.