Наполи вчера ремизираше 3:3 на гостувањето кај Сасуоло.

На одличен натпревар беа постигнати шест голови, а гостите останаа без триумф во петтата минута од продолженијата кога домашниот тим преку Капуто стигна до 3:3 од пенал.

Бесен беше фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње по натпреварот. Кога погоди од пенал за 2:3 во 90-та минута, се чинеше дека неговиот тим ќе дојде до триумф, но на крајот беше освоен само еден бод.

Инсиње имаше многу забелешки на играта на тимот, а тоа беше јасно видливо кога отиде во соблекувалната кога викаше:

„Ср*ње од тим“.