Премиерот на Албанија, Еди Рама, даде целосна поддршка на Косово во однос на одлуката за реципроцитет со Србија за личните карти и регистарските таблички Рама упати честитки до Владата на Косово за одлуката да се одложи одлуката за еден месец.

Advertisements

„Сто отсто ја поддржувам Владата на Косово и сто отсто ги поддржувам властите во Косово кои бараат да се спроведе договорот. Немам дилема за ова, исто како што му честитам на премиерот на Косово, им честитам на властите во Косово за чувството на самовоздржаност и за слушањето на сојузниците кои предложија 30-дневно одложување – да не се промени договорот, туку да се даде време на времето и да се разјасни дали има потреба да се дообјасни нешто за кога договорот ќе стапи на сила да нема проблеми од ваков карактер“, рече Еди Рама, премиер на Албанија.

Рама го повика претседателот на Србија, Алекандар Вучиќ, да не дава алиби на одредени групи на северот на Косово кои ги блокираа двата гранични премини.

„Ги повикувам властите во Белград, претседателот на Србија да не даваат никаков изговор или алиби на одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведувањето на договорот кој не само што треба да се спроведе, туку вреди да се примени за да се даде поголем кредибилитет на дијалогот меѓу Србија и Косово“, додаде Еди Рама, премиер на Албанија.

Шефот на албанската влада изјави дека ситуациите како онаа на северот на Косово покажуваат дека Косово треба да седне на масата на „Отворен Балкан“ и да биде ангажирано во дијалогот со Србија, да го побара тоа дури и ако Србија одбие./Alsat.mk

Исуф Кадриу