По анализа на изборните резултати на вчерашните избори за парламент и претседател во Бугарија, раководството на ВМРО-БНД претставено од Извршниот комитет на партијата одлучи да поднесе оставка и да го повика Организацискиот совет на партијата да организира конгрес за да се донесе одлука за иднината на Организацијата и да се избере ново раководство, стои во соопштението на ВМРО-БНД, пренесува Трибуна.

Од ВМРО-БНД велат дека ќе останат лојални на бугарската национална кауза и ги повикуваат партиите што станаа дел од новиот парламентарен состав да не отстапуваат од бугарските национални интереси во Македонија. Тие додаваат дека каузата во Македонија ќе продолжат да ја бранат со цената на се’.