„Нероаѕурите“ загубија два од последните три натпревари во Серија А и заостануваат 18 бода зад лидерот Наполи, но клупските шефови не планираат да се разделат со Инзаги. Стратегот доби гаранција од клубот дека ќе продолжи да се потпира на него и дека неговата позиција не е загрозена.
Веста за довербата на Инзаги доаѓа по шпекулациите дека Интер е во преговори со Антонио Конте. Менаџерот на Тотенхем речиси сигурно ќе го напушти лондонскиот клуб на лето, а многу навивачи на Интер се надеваат дека тој ќе се врати да го води тимот од следната сезона. Под водство на Конте, „нероаѕурите“ ја освоија титулата во сезоната 2020/21.