Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 38-37 над Израел во рамките од „Кроација купот“, во последниот меч од подготовките за СП 2023 во Краков.
Тоа беше меч во кој нашите ракометари целосно го контролираа резултатот, но падот на концентрацијата во финишот за малку скапо ќе ги чинеше, откако неочекувано дозволија рутинската победа да се претвори во драматичен финиш, за среќа со хепиенд за „црвено-жолтите“.
Дејан Манасков со 11 гола беше најефикасен на овој натпревар, додека шест погодоци постигна Филип Кузмановски. (Foto: HNS.HR)