Според медиумите во Соединетите американски држави, ракавицата што ја користела бејзбол иконата Бејб Рут, е продадена на аукција за рекордни 1,53 милиони долари. Таа ракавица легендарната Рут му ја подари лично на Џими Остин, играч на Сент Луис Браунс.

Advertisements

Претходниот рекорд за бејзбол ракавица беше 387.000 долари и беше поставен во 1999 година. Ракавицата на Рут е произведена од Спалдинг и се верува дека ја користел играчот на Њујорк Јенкис од 1927 до 1933 година.

„Ракавицата седеше во кутија во последните 30 години и тогаш дознавме за нејзината историја“, вели Сузан Колокоф, внуката на Џими Остин.

Бејб Рут е една од најголемите фигури во американскиот професионален спорт, а се натпреваруваше во МЛБ од 1914 до 1935 година. Многумина го сметаат за најдобриот бејзбол играч на сите времиња.

Прикажи повеќе