Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради тешките повреди во последните години се почесто добива прашања дали наскоро ќе се повлече од терените. Особено што Роџер Федерер и Серена Вилијамс решија да стават крај на фантастичните тениски кариери.
Шпанецот не сака јавно да зборува за тоа. Сепак, неговиот колега Александар Зверев пред почетокот на Австралија опен сензационално објави дека повлекувањето на Рафа претстои токму после турнирот во Мелбурн.
„Рафаел Надал, за жал, ќе се пензионира после Ролан Гарос. Не му го посакувам тоа, но мислам дека ќе има одличен турнир, потенцијално ќе го освои и потоа ќе се збогува“, изјави Зверев за „Евроспорт“.
Рафа Надал е прв носител на годинашниот Австралија опен, со оглед дека го нема повредениот Карлос Алкараз, а неговата средба со Новак Ѓоковиќ според ждребот не е предвидена до финалето./Makfax/