Бугарскиот претседател, Румен Радев, на влезот во Националното собрание изрази убедување дека овој пат парламентарните партии треба да формираат функционална влада, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот претседател влезе во Националното собрание за свечената конститутивна седница на 46-от парламент, само неколку минути пред нејзиното почнување, заедно со потпретседателката Илиана Јотова.

-Задачите и пораките се исти, како и пред три месеци, додаде тој.

Бугарија не може да си дозволи да губи историско време, мора да имаме кабинет со широка парламентарна и јавна поддршка, нагласи бугарскиот претседател.

Откако ќе се конституира новото Национално собрание, Радев ќе почне процедура за политички консултации.

Радев го коментираше извештајот на ЕК за состојбата на правосудниот систем во Бугарија, велејќи дека проценките во него се алармантни.