Бугарскиот претседател Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, именуван од втората по големина пратеничка група во Парламентот – „Продолжуваме со промените“, соопшти синоќа Кабинетот на бугарскиот претседател.

Advertisements

„Продолжуваме со промени“ за премиер го предложи Николај Денков, кој беше министер за образование во последната влада предводена од оваа партија.

„Продолжуваме со промените“ на поранешниот премиер Кирил Петков беше на власт во Бугарија од декември лани до август годинава.

Бугарскиот Парламент на 12 декември не ја даде потребната поддршка за кабинет предложен од политичката партија ГЕРБ со премиер, Николај Габровски.

Прикажи повеќе