Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе објави указ со кој ќе му предложи на Парламентот да гласа за кандидатурата на Николај Габровски за премиер. Тоа го соопшти шефот на државата откако кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС го достави списокот со кандидати за министри за формирање влада, јави БТА.

Шефот на бугарската држава му честиташе на Габровски за исполнувањето на обврската навреме да предложи владин состав.

-Сега имате полесна задача да побарате поддршка од Народното собрание, му порача Румен Радев на кандидатот за премиер.

Влада со тројца вицепремиери предлага кандидатот за премиер, Габровски – сите три вицепремиерски позиции ќе ги заземат жени кои се веќе познати во политиката во Бугарија.

За внатрешни работи тој ја предлага Благородна Христева Најденова, додека за министер за надворешни работи Драгомир Василев Заков поранешен бугарски амабсадор во НАТО. Тој беше министер за одбрана во владата на Кирил Петков.

Атанас Запрајанов е предложен за министер за одбрана додека Мартин Дановски – министер за економија, а Маринела Петрова за министерка за финансии која во три мандати била заменик министер.