Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе се вакцинира против ковид-19. Информацијата, како што пренесува Асошиејтед прес, тој лично ја соопштил на средбата која денеска ја имал со претставници од руската влада, но не прецизирал со која вакцина.

„Денес можеме со огромна доверба да кажеме дека руските вакцини се безбедни и сигурни и тие се резултат на успехот на нашите научници и специјалисти“, рекол Путин на средбата.

– Advertisement –

Прикажи повеќе