Лил го совлада ПСЖ со 1:0 во големото дерби од 31. коло во Лига 1 на „Паркот на принцовите“ и стигна до трите големи бода во борбата за титулата.

Моментот на одлука на овој натпревар се случи во 20. минута од натпреварот. Џонатан Давид погоди за предност на гостите од 0:1 проследено со одлична одбрана на гостите.

ПСЖ се обиде на секој начин да изедначи. Имаа шанса, Лил создаваше можности од контра, а резултатот не се смени до крајот.

Судијата Беноа Бастијан подели голем број жолти картони, а Нејмар и Џало беа исклучени на крајот од мечот.

Лил е на врвот на Лига 1 со 66 бода на седум натпревари пред крајот, а во борбата за титулата се уште ПСЖ (63), Монако (62) и Лион (60).