Пари Сен-Жермен не планира да го пушти играчот од средниот ред Леандро Паредес во друг клуб, пренесува „Le10Sport“. Беше објавено дека Интер им понудил на парижаните да го разменат Аргентинецот со Кристијан Ериксен.

Според изворот, Маурисио Покетино, кој наскоро може да стане тренер на ПСЖ, сака да го задржи Паредес во тимот.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер се пресели во парискиот клуб во јануари 2019 година од Зенит. Тој оваа сезона одигра девет натпревари во Лига 1 без да постигне погодок. (МИА)