Во мечот од шеснаесетфиналето на Купот на Франција, ПСЖ славеше на гости против Брест со високи 3:0.

Очекувано, ПСЖ лесно стигна до победата и се пласираше во осминафиналето.

Клучен беше Килијан Мбапе, кој погоди за 1-0 во деветтата минута и 3-0 во 73-та минута. Вториот гол го постигна Сарабија во 44-та минута.

Лион претходно го декласираше Сошо со 5-2, а го следеа Мец, Саумур, ЛеПју, Седан, Црвена звезда, ГФА74 и Монпелје.