Сè повеќе луѓе страдаат од намалена концентрација која дополнително им го влошува секојдневниот живот. Психологот д-р Ник Перхам од Универзитетот „Cardiff Metropolitan“ објаснува како до подобра концентрација.

Одвлекувањето на вниманието не е толку лопшо

Ако сме расеани на работа, тоа не е добро за продуктивноста, но одвлекувањето на вниманието има и позитивна страна. Ако сме секогаш толку фокусирани и не се соочуваме со расеаност, големи се шансите да пропуштиме потенцијални промени и закани во нашето опкружување. Замислете да сте долку концентрирани додека читате некоја книга и да не го слушнете противпожарниот аларм. Расеаноста е од витално значење за опстанок.

Научете се да се концентрирате подобро

Постои огромна количина на варијации во способноста на луѓето да се концентрираат. На оние со подобра работна меморија – способност за складирање и манипулација со информации, се чини дека им успева. Но, сите можеме да се подобриме практикувајќи одредени задачи кои ќе ја „изострат“ нашата работна меморија. На пример, обидете се да запомнете и да се потсетите на список со, на пример, пет броја по ред. Потоа, следната недела, обидете се да запомнете шест по ред, потоа седум и така натаму…

unsplash

Тишината е најдобра

Се разбира, има многу моменти кога треба да се концентирате и бучавата околу вас станува проблем. На пример, експертите велат дека луѓето полошо ги извршуваат своите работни задачи како ментална аритметика кога има бучава во позадина која дополнително ги вознемирува. Затоа најдобро е да работите во умерена тишина.

Исклучете ги известувањата од мобилниот телефон

Ако сакате подобра концентрација, не си го отежнувајте животот непотребно. Исклучете ги сите известувања на вашиот телефон или доколку сте во можност исклучете го телефонот. Напијте се кафе. Правете редовни паузи, умот лесно знае да залута кога му е здодевно,

unsplash

Дали пандемијата дополнително ја наруши нашата концентрација

Можеби. За луѓето со побројно семејство, можеби работењето од дома им е проблем кога станува збор за одвлекување на вниманието, но премногу е рано да се каже дали има долгорочен ефект врз концентрацијата. Можеби само се прилагодуваме на новите начини на работа во различни средини.

Некои звуци повеќе го одвлекуваат вниманието од други

Комплексните звуци кои се акустично варијабилни можат повеќе да го одвлечат вниманието од помалку варијабилните звуци. Бучавата во канцеларија проследена со говорење повеќе го одвлекува вниманието отколку бучавата без говор. Слично на тоа е и со музиката, музиката проследена со текст повеќе го одвлекува вниманието отколку инструменталната музика, вели д-р Перхам.