Тројца мажи влегоа во историјата откако судот им дозволил на сите да бидат наведени во изводот на родените на детето. Иан Џенкинс, Алан Мејфилд и Џереми Ален Хоџис донирале ембриони и со помош на сурогат-мајки добиле две деца, ќерката Пајпер и синот Паркер.

Триото влегло во правната историја во 2017 година, кога судијата им дозволил да бидат во изводот на родените на Пајпер – што било главна пресвртница за полиаморните семејства да добијат признание во САД.

– Еден од пријателите на Џереми ни понуди ембриони што им останале од создавањето семејство преку вештачкото оплодување, но тие не можеле да ги користат. Имавме можност да посвоиме ембриони и да донесеме одлука за одгледување самохрано семејство – рекол Иан, инаку лекар, за „Хафингтон пост“.

Нивното најстаро дете веќе е на предучилишна возраст и велат дека и другите родители ги поддржуваат и бараат да им раскажат детали за нивната приказна. Алан, кој бил во врска со Иан 17 години, а со Џереми 8 години, рекол дека најголемиот предизвик бил со законот.

– Се расправавме на суд, тоа беше мошне интересна, напната сцена во судницата. Отпрвин се чинеше дека нема да ни биде одобрено, затоа побаравме говор пред судот и го кажавме нашиот став, а судијката на крајот се предомисли и ни одобри родителско право за нашето дете, пред да се роди – рекол тој.

Иан напишал и книга за нивната приказна наречена „Тројца татковци и бебе“.