Првото коло на Светското првенство во Катар заврши и еден момент посебно го одбележа, настрана двете чуда што се случија, неверојатната дисциплина на фудбалерите зашто во првите 16 меча немаше ниту едно исклучување. Првпат од 1986 година, воведната рунда на Мундијалите минува без исклучување.
Во овие 16 натпревари, се постигнати 42 гола, така да првиот круг во групи во просек се постигнати 2.6 гола.